Македонија
8. October 2017 - 12:04

Апсење на граничниот премин Богородица

Вчера во 09,00 часот во полициската станица за граничен премин и граничен надзор -Богородица за излез од Република Македонија со патничко моторно возило „Голф“ со косовска национална ознака се пријавил С.М.(1985) од Косово, со косовска патна исправа.

Униформиран полицсиски службеник при проверка во сообраќајните документи се посомневал во оригиналноста на документацијата за возилото односно направени се преправки во ВИН бројот на возилото. Лицето e приведено и со потврда за привремено одземање на предмети , возилото му е одземено.

Лицето и возилото се предадени на униформиран полициски службеник од полициската станица -Гевгелија за понатамошна постапка.