Македонија
2. September 2018 - 14:35

Апсење на автопатот Гевгелија - Скопје

На автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење.

По кратко време возилото е сопрено, а го управувал Р.Ф. (41) од с.Сингелиќ-скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан. Р.Ф. бил лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, лицата-мигранти се превземени за понатамошна постапка.