Технологија
30. јуни 2015 - 22:05

"Apple" ја повлекува антивирусната програма од виртуелната продавница

Познато е дека "Apple" вложува многу во маркетингот и докажува дека во нивните уреди и сервиси не постојат безбеносни проблеми.

Сега се еден чекор понапред и почнале да ја повлекуваат антивирусната програма од нивнита официјална продавница за апликации.

Секоја апликација која содржи антивирус во својот опис или назив, земена е во разгледување и најверојатно ќе биде тргната од продавницата. Тоа вовело голема конфузија меѓу програмерите.