Балкан
11. јуни 2017 - 11:12

Апостолова: Внимавајте кого избирате

Шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово,Наталија Апостолова, по обиколката на неколку гласачки места,со цел одблиску да се запознае со текот на изборниот процес,упати апел до граѓаните да бидат внимателни за кого го даваат својот глас.

-Денеска е многу значаен ден за Косово.Вие треба да ги изберете Вашите претставнци, затоа внимавајте кого ќе изберете,-порача Апостолова.

По Приштина,таа престојуваше и во Скендерај и Ѓаковица а во 18:45 часот,односно петнаесет мнути  пред затворањето на гласачките кутии, ќе престојува во Грачаница на гласачкото место, во основното училште „Цар Милутин“.

Американскиот амбасадор Грег Делави,по посетата на гласачки места во Приштина изјави дека Косово денеска може да му покаже на Балканот како треба да се заокружи еден изборен процес.

- Косово нека бде пример за добри избори,без инциденти и добро набљудувани,- посочи Делави.

Според амбасадорот четири екипи на амерканската амбасада го следат изборнот тек на целата терторија на Косово. Тој утрово имал средба и со претседателката на Централната изборна комсија,Валдете Дака.