Балкан
17. July 2018 - 14:47

Апокалиптични сцени во Хрватска: Ветерот корнел дрва и покриви, невремето ја зеде првата жртва

Силно невреме синоќа го погоди подрачјето на Шибеник, при што еден човек го загуби животот.
Хрватските медиуми пишуваат дека итните служби интервенирале во текот на целата ноќ, а ветерот корнел дрва и покриви.
 
Според нашата евиденција, утрово до 6 часот, на подрачјето на Шибеник и Бродарица, оштетени се 16 автомобили“, изјави службеник од центарот на Итната служба.
 
Пријави за уништени возила, меѓутоа, пристигнале и по шест часот.
 
 Еве како изгледале денеска улиците по невремето