Живот
15. August 2018 - 19:33

Апокалипсата на Давиде Капело: Паѓав 30 метри од мостот, чудо ме спаси

Поранешниот голман на Каљари Давиде Капело , раскажува како го преживеал падот од надвозникот . За сега во несреќата загинаа најмалку 35 лица.

Најголем број од загинатите се најдени во нивните автомобили. Спасувачите се уште наоѓаат тела , а од автомобил извлекле и четворица преживеани.

– Во тој момент врнеше и грмеше. Одев во Џенова, кога одеднаш почна се да се руши, чудо е што преживеав, изјави Капело.

– Прво слушнав бука, а потоа се сруши. Мојот автомобил паѓаше 30 метри и застана на врвот на урнатините. Неверојатно е што не сум повреден, рече тој.
- Гледав како патот се распаѓа пред мене и бев во шок и неверување.

Целата област околу надвозникот на автопатот А10 е евакуирана , зашто се стравува дека од силното невреме може да падне уште некој надвозник.

Во моментот на несреќата на надвозникот имало 30 до 35 автомобили и три камиони . Акцијата за спасување на луѓето од смачканите возила продолжува.