Живот
30. January 2016 - 13:58

Апокалипса или само знак од небото, се појави Божја рака

Во понеделникот на небото над португалскиот остров Мадеира забележан е несекојдневен феномен, кој помалку го исплаши локалното население.

Џиновски „огнен облак“ се надви над Мадеира, потсетувајќи на апокалиптичните сцени од научно-фантастичните филмови.

Меѓу првите појавата ја забележал блогерот Режерио Пачеко, која фотографиите ги објави на социјалните мрежи.

Секако, веднаш се јавија бројни теоретичари, кои понудија најневеројатни и најразлични објаснувања за појавата на облакот. Некои облакот го споредија со „Божја рака“, додека оние гејмерите необичната појава на небото ја споредија со играта "Final Fantasy".

- Штом го видов небото, го грабнав фото апаратот. Бев шокиран од она што го видов... такво нешто гледате еднаш во животот, рече Пачеко.