Македонија
17. April 2017 - 16:06

Апелите вродија со плод - нема прејадени на Токсикологија

Мирен Велигден на Токсикологија. Денеска до пладне на Клиниката не е регистриран ниту еден случај на прејадени со јајца или останата мрсна храна.

-Вакви пациенти кои се прејадени не се регистринани овие денови, имаме пациенти со друга патологија, изјави д-р Данил Петровски, дежурен лекар на Клиниката за токсикологија.

Од Токсикологија не ја исклучуваат можноста  во текот на вечерта кај нив помош да побараат и  прејадени граѓани бидејќи сеуште трае продолжениот празничен викенд.

-Советуваме да се јаде умерено, за да граѓаните немаат проблеми со здравјето, додаде д-р Петровски.

На Клиниката ниту лани немаше прејадени граѓани, за разлика од пред неколку години кога евидентирани беа и по триесетина лица кои претерале со храната или алкохолот.

- И овој Велигден не исостанаа случаите млади да претераат со алкохолот. Во саботата ноќта три лицца на возраст помеѓу 18-20 години со алкохолно труење побарале лекарска помош овде на Клиниката за токсикологија.