Апелациски суд Скопје: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор
Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје.
Истовремено, додава Апелацискиот суд во соопштение, со со четири различни решенија на Кривичниот совет на Судот на обвинетите Јосифовиќ, Божиновски, Арсовска и Јанакиевски им е определена мерката куќен притвор.
Вака донесените одлуки, соопшти Апелацискиот сауд, ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација