Апелациски ја укина пресудата за екс кавадаречкиот градоначалник за поткуп
Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање. Дека предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, за МИА потврди Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот.
Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август минатата година, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање.
За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни тогаш судијата доктор Лазар Нанев.
- Согласно на законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи е неосудуван досега, за што законодавецот утврдил парична казна од пет до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца, појасни тогаш судијата Нанев.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море