Свет
23. December 2017 - 13:48

Апелациониот суд ја оспори забраната на Трамп за патување на муслиманите во САД

Апелациониот суд пресуди дека забраната за патување на граѓаните од шест земји со претежно муслиманско потекло од страна на владата на претседателот Доналд Трамп, не треба да се однесува на луѓе со силни врски со САД.

Деветтиот Апелационен суд изјави дека неговата одлука ќе биде задржана, додека Врховниот суд на САД не донесе одлука за забраната.

Забраната е насочена кон луѓе од Чад, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен кои сакаат да влезат во САД. Американскиот претседател изјави дека е потребна забраната за да се заштитат САД од тероризам.