Македонија
11. January 2018 - 20:44

Апелација втор ден одлуќува по жалбите на притворените од случајот „27 април“

Апелацискиот суд одржа јавни седници на кои се расправаше за жалбите за продолжениот притвор на Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Дуко Лазаров. Четворицата се притворени поради настаните во македонското Собрание од 27 април.

Нивната одбрана побара притворот да биде заменет со домашен притвор, или пак со друга поблага мерка.

Наспроти ова, претставниците од Вишото Јавно Обвинителство побараа отфрлување на жалбите во сите четири случаи и потврдување на 30 дневниот притвор кој претходно им го изрече Основниот Суд Скопје 1.

Одбраната на дел од притворените смета дека е носновано ваквото барање бидејќи тие се до притворањето ги почитувале сите мерки за претпазливсот кои им биле одредени.

Поранешниот министер за внатрешни работи Чавков во своето обраќање судскиот совет на скопска Апелација истакна дека материјалните докази ќе покажат дека имал клучна улога во спасувањето на шратениците кои се нашле во Собранието на 27 април.

Полицискиот службеник Мунир Пепиќ рече дека дента бил службено во Собранието на Република Македонија, следел „икс“ личност и се борел за безбедноста на земјата, но и дека лично учествувал во евакуацијата на пратеничката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Одлуките на второстепниот суд за денешните четири жалби, но и по останатите три за кои вчера се одржаа јавни седници во Апелација, се очекува да бидат објавени деновиве.