Македонија
15. May 2019 - 19:08

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор

Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор.

Се одлучува дали ќе може да се брани од слобода како осомничен за настаните во Собранието од 27-ми април.

На јавна седница во Апелацискиот суд, Ристовски побара да му биде укинат притворот или да му биде заменет со куќен притвор.

Тој ги уверува судиите дека нема да бега бидејќи е семеен човек и дека нема да влијае врз сведоци бидејќи истрагата веќе е завршена.