Апелација одлучи „бомбите“ да бидат доказ во „ТНТ“ и „Топлик“
Прислушуваните разговори во случаите „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос и „Топлик“ за изградбата на Сончев град стануваат дел од доказите што ќе се користат во овие судски процеси, одлучи Апелацискиот суд во Скопје.
Судот ја преиначи одлуката на Кривичниот суд и ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство со кои Обвинителството бараше прислушуваните разговори во предметите „Топлик“ и „ТНТ“ да бидат доказ во судската постапка.
Обвинителите од СЈО вчера на двете јавни седници изјавија дека обвинетите во овие предмети, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски не се жртви на прислушкување, туку тие биле дел од власта што незаконски прислушкувала. Обвинителите тврдеа дека снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста на обвинетите.
Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и се нарушува приватноста на обвинетите.
Снимките од прислушуваните разговори досега се прифатени како докази и во предметот „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и случајот „Тендери“ во кој е обвинета поранешната министрека за култура Елизабета Канчевска - Милевска.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас