Апелација ја отфрли жалбата за притворот на Боки 13
Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли како недозволена жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.
– Апелациониот суд Скопје на ден 04.12.2019 година, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски изјавена преку бранителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година, со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постпаката, по разгледувње на списите во предметот одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од чл.172 став 2 точка 5 од Законот за кривична постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на Советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба, се вели во соопштението од Апелациониот суд.
Од Апелациониот суд информираат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе бидат објавени.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари