АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Полицијата на нозе – Исчезна 16 годишно дете во Скопје
Исчезнат е 16 годишен тинејџер Лука Божиновски кој е британски државјанин, на гости кај своите роднини во Скопје. Лука последен пат е виден вчера кога излегол од својот дом во непознат правец и му се губи секоја трага.
Има 16 години, висок е 180 сантиметри, тежок 65 килограми. Ги носи истите патики и бермуди како на првата фотографија подолу. Има карактеристична лузна на главата во косата која може да се види исто така на првата фотографија.
Последен пат е виден околу 1 часот и 30 минути по полноќ во населбата Даме Груев. Случајот е пријавен во полиција која интезивно трага по малолетникот.
Се замолуваат и сите медиуми да ја пренесат информацијата за што повеќе луѓе да ја видат и побрзо да се најде Лука..Семејството апелира секој кој ќе го види да им се јави на следните телефони..
075-689-067 Зоран
078-313-154 Марина
Или да пријават во најблиската полициска станица или на бројот 192
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК