Македонија
9. December 2016 - 12:49

Апел за помош на 23-годишниот Влатко Мицкоски кој боледува од бубрежен канцер

Влатко има само 23 години и боледува од болеста на 21 век – бубрежен канцер.
Во јуни 2015 година му е извршена операција, но за жал во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.

За да се контролира оваа болест, Влатко прима т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и тие покажува одлични резултати досега, односно болеста полека се повлекува. Оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и се набавува од странство, приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто семејството на Влатко не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Досега добивал донации од повеќе фирми, но од тие средства се набавени само 5 дози кои веќе ги има примено, па затоа сега има потреба од ваша помош!

Број на кој може да донирате 100 денари од повик:
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка

Влатко и неговото семејство од се’ срце ви се заблагодарува однапред.

Ајде уште еднаш на дело да ја покажеме нашата хуманост и да го спасиме животот на овој млад човек. Донирајте!