Македонија
14. February 2017 - 11:09

Апел за донација за лекување дете

Повик за донирање финансиски средства неопходни за итна операција на ученик од ООУ „Блаже Конески“.

Како што информираат од општина Аеродром, ученикот на часот по физичко и здравствено образование го повредил окото и поради сложеноста на зафатот е итно префрлен на операција во Белград.

Сите хумани граѓани можат да донираат на сметка број 270-7000421440.24 (Халк банка) со назив на физичко лице Велика Стојковиќ и цел на дознака: донација за операција. аа/скс/10:59