Македонија
16. January 2017 - 14:24

Апел од општина Аеродром

Да не се паркираат автомобилите на средина на сервисните улици и јавните паркиралишта во општина Аеродром за да можат непречено да минуваат камионите, со кои се фрла сол и се чисти снегот, апелираат од општината.
 
Зимската служба на општина Аеродром интензивно работи на расчистување на улиците, паркинг - улиците и патеките од новите наноси на снег.