Македонија
6. August 2019 - 16:42

Апел од институциите за внимателност при изборот на храна во лето

Свежо месо надвор од фрижидер на плус триесет степени. Ова е сликата која може да се забележи во дел од продавниците, каде што се продава храна. Граѓаните велат дека во лето, претежно купуваат на пазар, храната од тезга според нив била посвежа.

Од Државниот санитарен инспекторат во услови на високи температури апелираат, да се внимава што се јаде.

Со совети до граѓаните излегоа и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие препорачуваат:  да се избегнува купување и консумирање  храна со оштетена амбалажа, замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, храната која се готви, термички да се обработи на повеќе од 60 степени, а разладената храна да се чува на температура пониска од пет степени.