Македонија
19. April 2021 - 16:46

Апел од Али Февзи пред верските празници - секој да помогне колку што може

Во време на пандемија, а во пресрет на Велигден и Рамазан, кога секое семејство сака да има храна на својата трпеза, граѓани се организираат и помагаат кој колку може. Еден од нив е и хуманитарецот Али Февзи кој секој ден донира пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени семејства.

Овој скопјанец вели и дека од почетокот на пандемијата, па до сега тројно се зголемил бројот на луѓе кои бараат помош од него.

И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, растат трошоците за живот. За една година храна поскапела за 2 проценти. Тоа се забележува кај лебот, житата, овошјето, зеленчукот а најмногу кај маслата чија цена се покачила за дури 14 отсто. Граѓаните се жалат и на поскапување пред велигденските празници.