Македонија
18. September 2018 - 14:09

АПЕЛ: На Катерина ѝ е потребна наша помош- да бидеме хумани

Да бидеме хумани и да донираме за Катерина Рујковска на која треба да ѝ се пресади рожница за да може светот да го гледа како останатите нејзини врсници.

Семејството Рујковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат преку донации.

-Мојата малолетна ќерка Катерина Рујковска на 25.10.2018 година има закажано посебен хирушки зафат пресадување на рожница (шареница) во Специјлната Болница Свети Вид во БЕОГРАД, а за таа операција потребни се 5000 илјади евра кои ние родителите не сме во можност да ги обезбедиме. Затоа Ве молиме да ни помогнете. Ви благодариме, вели семејството Рујковски.