Македонија
24. December 2020 - 19:36

Апасиев за возачот на „Бентлито“: Казните треба да бидат соодветни на делото

Вчера во центарот на вниманието на македонската јавност се најде Арачиновец кој со својот автомобил марка „Бентли“ влета меѓу пешаци на скопскиот плоштад, а видеото го објави на социјалната мрежа „ТикТок“.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил напиша дека казната за возачот на Бентлито треба да биде соодветна на стореното дело.

„Има една анегдота од Римското право во врска со актуелнава казна од неверојатни 45 ЕУР за возачот на Бентлито на плоштад…

Еден богат Римјанин севезден си го земал својот роб, на кого му давал едно ќесе монети, и се шеткал на Форумот (градскиот плоштад во Рим) – при што, од заебанција, намерно им мавал ШАМАРИ на римските граѓани кои случајно си поминувале низ градот!?

Кога овие, природно, ќе изреагирале, тогаш робот кој го носел ќесето поштено ја плаќал паричната казна на газдата „според законот“ – која, била смешна сума за тоа време.