Македонија
15. January 2021 - 19:50

Апасиев за пописот: Најголемото малцинство ќе биде 28,5%, иако во реалноста резиденти се околу 18%

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, смета дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот во април ќе биде 28,5 отсто.

„Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%).  Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор.  Со “државници” ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек“, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви...

Posted by Димитар Апасиев on Friday, January 15, 2021