Апасиев и Петров: Одлуката на Уставен е политичка, а не правна
Подносителите на иницијативата за оспорување на одлуката за распишување на референдумот, Димитар Апасиев од „Левица“ и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка, изјавија дека денеска е погребана правдата и оти не преостанува ништо друго, освен бојкот на референумот.
- Ова е срамен ден за владеењето на правото во Република Македонија. Денес е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите, рече Апасиев и додаде дека бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава.
Има сознанија, како што рече Апасиев, дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница.
- Наше како јавност е да видиме кој ги повикувал судиите и се обидувал да им влијае врз исходот од оваа иницијатива, рече Апасиев.
За претседателот на СМК, Тодор Петров, одлуката на Уставниот суд не е прифатлива.
- Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот со Грција со кој се врши промена на името на државата. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Иако одлуката на референдум по Устав е задолжителна, Судот за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум, рече Петров.
Според него, одлуката на Уставниот суд ќе ја зацврсти определабата за бојкот на 30 септември.
Ново на Сител
-
За дебели пари денес секој е пилот | Стефанија Димеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 017
-
Свечена заклетва на 30 слушатели на курсот за офицери на Армијата
-
Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ
-
Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор
-
МВР со детали за пукањето кај тетовската болница во кое повредени беа две лица
-
Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции
-
Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Северна Македонија
-
Русија повторно побара седница на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на НАТО на Југославија