Македонија
5. July 2022 - 18:52

Апасиев и Крмов: Власта планира со уфрлени провокатори да исценира инцидент и да тепа и апси

Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пратеници од редовите на Левица, преку социјалната мрежа Фејсбук тврдат дека власта имала сценарио за да испровоцира инцидент на вечерашните протести против францусккиот предлог.

- Од наши свиркачи во МВР добивме дојави дека налудничавата власт прави списоци со провокатори кои ќе бидат уфрлени на протестите, со цел да поттикнат насилство. После ова, планираат масовно апсење на демонстрантите! Затоа, јавно ве повикуваме - да избегнувате секаков контакт со полицијата и да дестимулирате носење фантомки! Левица не е против полицајците, Левица е против корумпираната врхушка на власт која ја шитка Мекедонија, напиша Апасиев.

Крмов предупреди да не се носат фантомки.

- Власта планира со уфрлени провокатори да исценира инцидент и да тепа и апси! Донесена е полиција од цела држава! Затоа, само внимателно без фантомки и на дистанца да не им влеземе во замката. Власт што удира на својот народ не е власт. Готови се, пишува Крмов.