Апасиев: Додека финансирате детски песнички за УЧК, старата велешка архитектура пропаѓа
Културното наследство во Велес пропаѓа, посочи пратеникот Димитар Апасиев, кој не е задоволен од одговорот на Министерството за култура зошто не преземаат ништо иако има извршено решение за итна заштита. Тој рече дека министерката Бисерa Костадиновска-Стојчевска допир со култура има колку тој со нуклеарна физика.
„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пример, дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона.
Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Има 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, наместо вас, во добра состојба се само три, додека другите се паднати или пред паѓање.
Донесено е извршно решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение.
Јас ве прашувам: Што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат за да сфатите дека сериозно е прашањето?"
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње
-
Роднина на убиецот од Цетиње: Се уште сме во шок
-
Мехмедовиќ: Кичевецот негативен на тестот за мајмунски сипаници
-
Максим Димитриевски подготвува нов политички субјект – тврди дека немал координација со Црвенковски
-
Полицијата го застрела напаѓачот кој уби 11 и рани 6 лица во Цетиње
-
Абазовиќ за масовното убиство во Цетиње: Трагедија каква Црна Гора не памети
-
Хрватска: Татко го прегази својот 2-годишен син паркирајќи го автомобилот
-
Тренчевска: Со СДСМ до рекордно зголемување на пензиите