Македонија
16. September 2020 - 12:19

Апасиев: Добивам закани кон мене и моето семејство

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, тврди дека добива закани кон него и кон неговото семејство, откако ги напишал статусите на својот фејсбук-профил. За нив во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство.

Тој денеска пред ОЈО истакна дека ќе продолжи и понатаму тоа да го прави и нема да престане со објавите на социјалните мрежи.

За медиумите, тој истакна дека не очекува обвинение за случајот, но најави кривични пријави за тие кои го пријавиле за наводното ширење омраза