Македонија
16. December 2020 - 20:57

Апасиев до Царовска: Наместо да ја укинувате Историјата, укинете ја партиципацијата за студентите

По денешната изјава на министерката за образование Царовска за укинувањето на предметот Историја во основно, пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев и порача наместо да го укинува, да ја укине линеарната партиципација за студентите во државна квота.

„Поштована милионерке Мила Царовска. Наместо да го укинувате предметот Историја, укинете ја линеарната ПАРТИЦИПАЦИЈА за студентите во државна квота! #ОбразОваНиЕ#БесплатенИндекс #ПоздравПленумци“, напиша Апасиев на Фејсбук.