Тенис
19. January 2019 - 16:56

АО:Ѓоковиќ ќе игра осминафинале

Добра игра на фаворитите на првиот Грен Слем во Мелбурн. Новак Ѓоковиќ за противник го имаше Денис Шаповалов од Канада и успеа да го совлада со 3-1 во сетови што е прв загубен сет за првиот фаворит  на турнирот.  Својата добра форма повторно ја потврди Данил Медведев кој во три сета го елиминира Давид Гофан  и обезбеди дуел во 5.коло против Ѓоковиќ.

            Добра игра прикажа и Кеи Нишикори кој исто така во три сета го елиминира Португалецот  Жоа Соуса и обезбеди меч со Карено Буста.  Во следната фаза патува и Милош Раониќ заедно со Александар Зверев и Борна Чориќ.