Тенис
26. January 2023 - 20:31

АО: Сабаленка и Рибакина ќе играат финале

На женскиот турнир на Австралиа опен  познати се учесниците во финалето тоа се Елена Рибакина од Казахстан и Арина Сабаленка од Белорусија. 
Сабаленка која е петорангирана во славеше против Магда Линет од Полска  со 2:0 во сетови (7-6(1), 6-2) што е нејзино прво  финале на еден Грен слем турнир додека  Елена Рибакина која е 25та на ВТА листа  во полуфиналето ја совлада некогашната победничка на Вимблдон Викторија Азаренка со 2:0 по час и 43 минути игра. Резултатот во сетови гласеше 7-6(4), 6-3.