Тенис
17. February 2021 - 11:01

AO: Руското четвртфинале за Медведев

Данил Медведев го доби четвртфиналниот дуел со сонардникот Андреј Рубљов на Австралија опен. Медведев ја оправда улогата на фаворит, подобро се приспособи на тешките временски услови и на крајот победи во три сета (7/5, 6/3, 6/2).
 
Мечот траеше 126 минути, а Рубљов најголем отпор даде во првиот сет, во кој Медвдев направи брејк во шестиот гем, а Рубљов му возврати во наредниот. Клучниот момент, не само за првиот сет туку и за целиот меч, се слуи во 12. гем,кога Рубљов дозволи брејк, без да освои поен.
 
За Медведев, ова беше 19-та победа во низа и се наметнува како фаворит за освојување на титулата.
 
Со победата над Рубљов, Медведев се избори од понеделник да биде трет на АТП-листата, а доколку го освои турнирот, тогаш ќе скокне на второто место.
 
Медвдев во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четврт-финале, во кое ќе играат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.