Тенис
25. January 2017 - 8:35

АО: Полуфинале за Димитров во Мелбурн

Гиргор Димитров од Бугарија е третиот полуфиналист на Австралија Опен во Мелбурн. Тој во четвртфиналето го совлада Давид Гофин од Белгија со 3-0 во сетови (6:3, 6:2, 6:4) и по вторпат во својата кариера ќе игра полуфинале на Грен слем турнир (Вимблдон 2014). Инаку, ова е негов најдобар резултат на овој турнир откако во 2014 беше полуфиналист.

Тој во следната рунда ќе игра со победникот од мечот Рафаел Надал - Милош Раониќ. 
Во првото полуфинале ќе играат швајцарските тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка.