Тенис
23. January 2018 - 9:09

АО: Ново чудо од Едмунд, го елиминира Димитров

Британецот Кајл Едмунд кој е 49-ти на светската тениска листа направи уште едно изненадување во Мелбурн совладувајќи го 3. светски играч, Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 3:6, 6:3, 6:4.

Едмунд во битката за влез во финалето ќе се бори со подобрите од дуелот Надал - Чилич.