Loading Video...
Тенис
18. January 2019 - 14:07

АО: Надал и Федерер без проблеми до 1/8-финалето, Шарапова ја елиминира Возњацки

Рафаел Надал и Роџер Федерер без проблеми обезбедија пласман во осминафиналето. 
 
Вториот носител Надал експресно го елиминира домашниот тенисер Де Минаур во три сета препуштајќи му на противникот само 12 гема (6-1, 6-2 и 6-4). Три сета му беа потребни и на третиот фаврорит Роџер Федерер во дуелот со Американецот Фриц (6-2, 7-5 и 6-2). 
 
Минатогодишниот финалист Хрватот, Марин Чилиќ (6) по голема борба во меч кој траеше повеќе од  четири часа, со пресврт го совлада Шпанецот,  Фернандо Вердаско (26) со 3:2 (по сетови 4-6, 3-6, 6-1, 7-6 и 6-3.
 
Бугаринот, Димитров кој е 20-то рангиран исто така во три сета го победи Фабијано од Италија, додека настапот во Мелбурн, го заврши 10-носител Русинот, Кхачанов кој со 0:3 загуби од Баутиста Агут од Шпанија
 
Кај дамите. Втората фаворитка Анџелик Кербер и препушти само еден гем на австралиската тенисерка Бирел. 
 
Затоа пак третата Каролине Возњацки загуби од Марија Шарапова во три сета (4-6, 6-4 и 3-6). 
 
Од носителките, натпреварите завршија и за Белорусинката, Сабаленка (11-та) и Французинката, Гарсија (19-та)
 
Додека во следната рунда ќе играат 5-тата фаворитка Американката Слоан Стивенс и 8-та Петра Квитова од Чешка,