-->
-->
АО: Федерер го елиминира и Нишикори
-->
Легендата на светскиот тенис Роже Федерер избори пласман во четвртфиналето на Аустралијан Опен, откако во пет сета 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3 го победи петтиот носител Кеи Нишикори.
Со тоа Швајцарецот стана најстариот тенисер кој изборил четвртфинале на првиот грен слем во сезоната со победата над Нишикори. Освојувачот на 17 грен слем титули, 13-ти пат во последните 14 сезони се пласира меѓу најдобрите осум на Аустралијан Опен.
Со исклучок на првиот сет, кога Нишикори поведе со 1:5, Федерер одигра брилијантно, на моменти потсетувајќи на најславните денови од својата кариера.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде Миша Зверев, кој претходно направи вистинска сензација со победата во четири сета над првиот светски рекет Енди Мари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање