Тенис
20. January 2019 - 17:12

AO: Елиминирани Федерер и Чилиќ!

Денешниот ден од 4. рунда на Австралискиот Грен слем турнир донесе две големи изненадувања.  Првата сензација ја приреди Гркот Стефанос Циципас кој во четири сета, сите решени во тај-брејкот го елиминира Роже Федерер со што Швајцарецот остана без четвртфинале во Мелбурн.  Иста судбина му се случи и на Марин Чилиќ кој загуби со 3-2 од Шпанецот Баутиста Агут.
Изненадување приреди и Американецот Тјафо кој го елиминира Григор Димитров додека четвртфинале обезбеди Рафаел Надал со убедлива победа во три сета против Томаж Бердих.