Свет
13. July 2017 - 22:56

Антонио Гутереш изрази сочувство поради смртта на Луи Сјаобо

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази жалење поради смртта на кинескиот дисидент и добитник на Нобеловата нагртада за мир Лиу Сјаобо и изрази сочувство, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик. 

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека кинескиот дисидент требал да добие дозвола да се лекува во странство. 

- На Лиу Сјаобо требаше да му се дозволи да се лекува во странство, нешто што кинеските власти повеќе пати ми го забрануваа, додаде Џонсон.