Живот
21. January 2023 - 14:30

Антониа наполни 22 години и објави дека е бремена

Младата пејачка Антониа Гиговска со своите фанови сподели две радосни вести во исто време. Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.

Пејачката на својот инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кој е насмеана а во рацете држи слики од ултразвук на бебето.

Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.