Свет
26. January 2017 - 11:28

Антитерористичка акција на полицијата - извршен претрес и во една џамија

Австриската полиција утрово спроведе антитерористичка операција во повеќе покраини. Во акцијата учествуваат околу 800 припшадници на полицијата.

Во Виена и Грац извршен е претрес на повеќе станови. Во Грац извршен е претрес и во една џамија.

Австриското Министерство за внатрешни работи одби да даде повеќе информации за акцијата која е во тек.