Македонија
10. April 2019 - 16:04

Антикорупциската комисија одби 8 од 9 претставки на опозицијата

Антикорупциска одби 8 од 9 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за прекрушвања на изборниот законик. Две од нив се однесуваат на субвенциите на Град Скопје за велосипеди и клима уреди. Опозициската партија тврди дека јавните повици се објавени по распишување на изборите,а средствата се обезбедуваат од буџетот. Градоначалникот Шилегов пак вели дека субвенциите се дел од програмата на градот за почист воздух.

„Тврдам дека до сега не е исплатен ниту еден денар, но отворени сме за соработка и со ДКСК и со Јавното обвинителство. За програмите за субвенционирање гласаше и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, според мене станува збор за политичко поднесување на приговори и политичко алиби за дебаклот кој им претстои на изборите„ рече Шилегов.

И покарј одбиените претставки, ВМРО-ДПМНЕ денеска објавува нови примери за прекршување на изборниот законик, незаконски вработувања и користење државни ресурси за партиски цели. Сето ова според опозицијата, го покажува стравот на СДСМ од пораз на изборите.

Возилата на АВРМ се користат за партиски цели. Видовме од медиумите дека директорката на АВРМ заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, со возило на Агенцијата за вработување беа на партиска трибина во Делчево. Исто така возило на Агенцијата е сликано во Радовиш полно со пропаганден материјал за Пендаровски

Ова почитувани е класичен пример за злоупотреба на државни средства за партиски цели. СДСМ ја избриша границата помеѓу државата и партијата. вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето кога институциите беа партиски ограноци  заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, одоговри СДСМ

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување корупција и сите надлежни институции да следат, да ја известат јавноста и да реагираат за било какви сомнежи, се вели во нивната реакција.

Според антикорупциска, објавените огласи за нови работни места во Водостопансто и Агенцијата за вработување не го прекршуваат изборниот законик. Ништо спорно нема ниту во реконструкцијата на илици во Карпош, донирањето пакети со храна во општина Центар, ниту во владината програма за финансирање на граѓански здруженија и фондации.

 Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се испита дали власта ги користи општинските канцеларии на Шуто Оризари за промоција на својот кандидат е единствената претставка прифатена од комисијата за спречување корупција.