Македонија
21. October 2020 - 12:48

Антикорупциска зaбележала неправилности во финансирањето на политичките кампањи

Физички и правни лица со донации на редовната и сметката за избори донирале максимално дозволени суми со што значително се надминувал лимитот за донирање, појаснуваат од антикорупциска.

Сметаат дека со ова се прекршува изборниот законик со кој се регулира финансирањето на политичките кампањи на партиите.

Антикорупционерите забележуваат дека дел од помалите партии кои немале донации за кампања, ги користеле парите кои ги добиваат од Државниот буџет.

 

 

 

Зоран Јаневски