Македонија
1. December 2016 - 19:48

Антикорупциска утврди неправилности во работата на Оливер Спасовски

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди неправилности во одлуките на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски за прераспрределување и унапредување на работните позиции за вработени во министерството и побара основното јавно обвинителство да го испита случајот. Комисијата едногласно одлучи дека станува збор за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик, кој ој го уредува начинот на располагање и трошење на парите од буџетот за време на изборната кампања. Приговорот до Антокорупциска го поднел дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

Комисијата денеска расправаше и по уште една претставка од ВМРО ДПМНЕ. Станува збор за случај во Куманово, каде за изборни цели биле користени ресурси на општинската админситрација.

Државната комисија за спречување на корупцијата овие две точки од денешниот дневен ред ги разгледуваше на отворена седница за јавноста.