Македонија
8. July 2020 - 16:58

Антикорупциска се прогласи за ненедлежна за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ и претставката на Чулев

ржавната изборна комисија е единствено надлежна да утврди дали некој настан има елементи на партиска промоција пред почетокот на предизборната кампања. Со овој став антикорупциска денеска го одби приговорот  на ВМРО-ДПМНЕ против Заев и Николовски. Опозициската партија тврди дека лидерот и генералниот секретар на СДСМ го прекршиле изборниот законик 3 дена пред почетокот на кампањата со увид во изградбата на експресниот пат Штип - Кочани.

Антикорупционерите се прогласија за ненадлежни и за приговорот поднесен од министерот за внатрешни работи против владината одлука со која се поништи неговото решение за именување на нов началник на СВР Тетово, два дена пред почетокот на предизборната кампања. 

За истата владина одлука вчера и Управниот суд ја одби тужбата поднесена од министерот Чулев.