Македонија
2. September 2020 - 21:30

Антикорупциска проверува кој и под какви услови добил државна помош

Антикорупциската комисија повеќе од еден месец работи на проверка на првиот пакет економски мерки на владата во кој беше доделена државна помош на компаниите со цел поддршка за исплата на плати во оваа корона криза. Помеѓу фирмите кои добиле помош, а се предмет на проверка како што потврди претседателката на ДКСК во гостувањето на Сител се и компании на поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска и поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. 

- Ние гледаме од системски аспект како биле поставени и дали биле испочитувани критериумите. Како се нашла таа фирма да добие помош, дали ги исполнувала условите или не и дали продолжила добро да работи, па ако оствари позитивни резултати ќе си ги врати парите, рече Ивановска во гостувањето во дневникот на Сител.

Ивановска најави дека наредната недела тим од ДКСК во УЈП ќе проверува како се вршела селекцијата на фирмите кои ќе добијат државна помош.

 

Иван Кузмановски