Македонија
7. March 2019 - 16:30

Антикорупциска поведе постапка против претседателот Иванов за унапредувањата во АРМ

Антикорупциска отвара постапка за армиските унапредувања од страна на претсредателот Иванов. Според антикорупционерите со унапредувањата извршени по распишување на изборите  е прекршен изборниот законик. Во следниот период комисијата ќе ја побара целата неопходна документација од кабинетот на шефот на државата и министерствoто за одбрана.

Во реакцијата од кабинетот на Иванов се вели дека донесените укази се во согласност со законот за одбрана.

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие предмети со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Антикорупциската комисја на денешната седница поведе и прекршочни постапки против 28 професори и декани на УКИМ, кои немаат поднесено анкетни листови. За ажурирање на постоечкиот регистар, комисијата ќе бара податоци за имотната состојба и од сите именувани раководни лица, а анкетни листови се очекува да поднесат и нотари, извршители и административци. Казните за овој прекршок се движат помеѓу 300 и 500 евра.