Македонија
27. March 2019 - 16:21

Антикорупциска отвори постапка за пет судии, ќе го проверува и непотизмот во владеењето на ВМРО – ДПМНЕ

Претседателот на Врховниот суд, поранешниот прв човек на скопска единица и некогашната претседателка на судскиот совет се меѓу петте судии на кои антикрупционерите на сопствена иницијатива денеска решија да им го проверуваат имотот. На ваков чекор се одлучиле по добиени сознанија од извештајот на американскиот стејт департмент за наводна вмешаност на судиите во злоупотреби и коруптивни дејства.

До комисијата допрел глас па антикпорупционерите ќе ја испитуваат и имотната состојба на екс министерот Јанакиески и порнаешниот заменик министер Илија Исајловски, а на сопствена иницијатива ќе проверуваат и дали имало судир на интереси при вработувањето на сопругата на екс министерот Спиро Ристовски во МАПАС и внуците на судијата Панчевски во Кривичен.
Антикорупциска одлучи да ја провери и постапката за избор на фирма за ревизија на урбанистичкиот план во скопски Центар.

Антикорупционерите отворија и 18 постапки против актуелни функционери поради постоење на судир на интереси. Меѓу нив е актуелниот градоначалник на Бутел , Велимир Смилевски кој истовремено е и член на управниот одбор на скопски ГТЦ.