Македонија
20. March 2019 - 16:30

Антикорупциска отвори постапка за дивоградбите на Матка

Антикорупционерите го вклучија алармот, ќе се бара корупција во случајот со дивоградбата на Матка. Комисијата одлучи да отвори предмет за општина Сарај бидејќи сите надлежни институции се прогласиле за не надлежни. Комисијата смета дека има елементи на корупција во општината која не постапила по случајот со дивоградбата.

Јавноста се уште не дозна кој е инвеститорот на новата платформа која се гради додека институциите си ја префрлаат одговорноста. Државниот градежен инспекторат откако го доби извештајот објави дека нема да реагира се додека општина Сарја не се произнесе по поднесените барања за легализација не само на едната туку на три платформи. Кој ги поднел и кога ќе се одлучува за нив  не се знае бидејќи  градоначалникот Блерим Беџети не одговора на телефонските повици. Последно за Сител рече дека не станува збор за дивоградби туку за објекти без регулиран правен статус. Министерот за транспорт и врски и премиерот беа децидни дека  институциите се должни да постапат согласно законот за дивоградбите. Иако се најавуваше, не ги одземаа надлежностите за урбанизам на општината.