Македонија
3. May 2019 - 16:22

Антикорупциска отвори 2 предмета за Христијан Мицкоски за судир на интереси и за концесија за хидроцентрали

Антикорупциска оформи два предмети против опозицискиот лидер. Ќе се иситува како фирмата на Мицкоски во 2014та има добиено државно земјиште за изградба на хидроцентарла, откако вчера портпаролот на СДСМ јавно ја повика комисјата да ги истражи случајот. По сопствена иницијатива антикорупцинерите ќе испитуваат и дали постои судир на интереси со именувањето на Мицкоски за директор на ЕЛЕм во периодот додека се уште бил советник на тогашниот премиер Груевски.

Мицкоски стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата ја поздрави експедитивноста на антикорупциската комисја и ја повика со истиот ентузијазам да го испита имотот на премиерот и фирмите за марихуана на Заеви, дозволите за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев и сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски.

И кога не би бил последниот ден од кампањата и кога Заев не би ги користел институциите за ваков смешен политички маркетинг за да го прикрие поразот, би го повикале и заспаното обвинителство да поведе постапка против Заев за спречување истрага за двајца негови функционери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.   

Антикорупциска констатираше непотизам и влијание при вработувања на блиски лица на Антонио Милошовски, Игор Јанушев и Кирил Божиновски во периодот од 2004 до 2018 та. Во нетранспарента постапка биле вработени и двете ќерки на поранешната претседателка на Уставен Елена Гошева во АЕК и Телеком. Но поради застареност на предметите и недостаток на документација за да се докажат сомнежите, комисијата не покрена прекршочни постапки.