Македонија
17. April 2019 - 17:10

Антикорупциска ќе испитува дали исплатата на субвенции за тутунот во предизборие е прекршок

Дали со исплатата на субвенциите за тутун се врши предизборен поткуп. По вчерашното соопштение на Министерството за земјоделие, антикорупцинерите отворија постапка по сопствена иницијатива. Ќе се испитува дали 27те милиони евра кои ќе легнат на сметките на тутунарите се редовна или вонредна исплата.

Објавите во дел од медиумите ги потикнаа антикорупцинерите да покренат постапка и против раководител на сектор во Водовод и Канализација кој е фотографиран со маица со партиски симболи на работното место.

Прекршочни постапки за непочитување на Изборниот законик заработија и градоначалниците на Штип и Гази Баба, по приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.  Антикорупциска го прифати и проговорот на опозицијата дека со исплатата на 77 милиони денари кон лозарите се влијае врз предизборниот процес и поткуп на гласачите.

Според антикорупцинерите неоснована е единствено претставката на ВМРО-ДПМНЕ за вработување на 10 лица во комуналното претпријатие во Ново Село.